Италија
Сензационален гол за најавните шпици: Тео претрча цел терен и го донесе Милан на бод од Скудетото! (Видео)

Милан направи гигантски чекор кон титулата во Серија А ова попладне, откако на распоредадениот „Сан Сиро“ успеа да ја надигра Аталанта и да слави огромна победа од .
Со новиот триумф, „росонерите“ дојдоа на само еден бод за математички да ја обезбедат титулата, но можат и уште вечерва да го слават Скудетото доколку Интер не победи на натперварот против Калјари.
Лидерот на табелата доста долго се мачеше да го скрши отпорот на гостите од Бергамо, па откако првиот дел заврши 0:0, беше јасно дека избраниците на Пиоли ќе мора да бидат доста поагресивни.
На стартот на вториот дел, Аталанта се обиде да го диктира темпото со посед, но во таква ситуација остави простор за контри и токму една таква акција заврши со гол на Леао. Играчите на Аталанта чекаа прекршок, но наместо тоа, следеше против напад по кој Леао погоди по додавањето од Месијас.
Луѓето во ВАР собата ја прегледуваа ситуацијата поради можниот прекршок, но голот беше признат во 56-та минута и Милан дојде до посакувано водство. По голот на домашниот тим, Аталанта не искористи голема шанса преку резервистот Запата, по што следеше моментот на одлука.
Тео Ернандес постигна сензационален гол за најавните шпици во Серија А, бидејќи претрча цел терен пред да постигна нестварен гол за 2:0. Левиот бек ја прифати топката надвор од сопствениот шеснаесетник, претрча најмалку 70 метри и стигна до противничкиот, а потоа со прецизен удар го совлада Мусо за 2:0 во 75-та минута.
-
Англијапред 17 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 10 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Светпред 18 часа
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
Англијапред 9 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 10 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
АТПпред 17 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Светпред 19 часа
Бејл ги потврди гласините и позираше со новите клупски обележја: Се гледаме наскоро (Видео)
-
Германијапред 17 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски