Сензацијата на Реал открива дека големиот идол сега му е соиграч: Неговата слика ја имав на Фејсбук!

rodrigo-1

Родриго Гоеш експресно брзо ги освои срцата на симпатизерите на Реал Мадрид и ги вивна во облаци очекувањата за неговата фудбалска иднина со сензационалниот старт во „кралскиот клуб“, но со оглед на тоа што станува збор за тинејџер кој има само 18 години, Зинедин Зидан побара да не се прави непотребен притисок и да се остави да се развива природно.

Поради тоа, Зизу му дава шанса од време на време и го ротира на повеќе позиции во нападот, но колку што е францускиот стручњак важен за младиот Бразилец, самиот тој открива дека многу му помогнале и соиграчите. Родриго највеќе ги истакнува Бразилците Касемиро, Винисиус и Марсело, но вели дека исклучително топол пречек имал и од Еден Азар кој инаку бил негов идол.

– Кога постигнав трет гол против Галатасарај, само оттрчав до топката. Но, Еден ми пријде и ми порача дека сум требал да дадам четири. Тој секогаш е таков, секогаш се смее, тој ми помогна да се прилагодам. Мене тој ми личи на Бразилец, има потези и гестови како да е роден во Бразил. Всушност, неговата слика стоеше на мојата позадина на Фејсбук бидејќи беше еден од моите идоли, – открива Родриго во интервјуто за „Кампос де Естрељас“.

Facebook Коментари