Поврзете се со нас

АТП

Сензација во Рим: Унгарски квалификант го шокираше Алкараз (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/InteBNLdItalia

Најдобриот шпански тенисер, Карлос Алкараз доживеа шокантен пораз во третото коло АТП Мастерсот во Рим.

Алкарез загуби од 135. рекет на светот, човекот кој до главната фаза на турнирот дојде преку квалификациите-тоа е 23-годишниот Фабијан Марожан. Унгарецот славеше со 2-0 во сетови со 6-3, 7-6(4) и со тоа ја забележа најголемата победа во неговата кариера.

-Не е лесно нешто да се каже, јас сум многу среќен. Ова не можев да го замислам, ова беше мој сон минатата ноќ. Сега е вистина, јас сум многу, многу среќен поради ова … Само се обидов да направам нешто посебно, можеби да освојам неколку гејмови или сет или нешто вакво, сега го победив светскиот рекет број два, -истакна Марожан.

Карлос влезе во овој меч со учинок 30-2, но денеска немаше одговор за противникот, поточно поразот треба да му послужи како предупредување пред настапот на Ролан Гарос кој стартува на 22 мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни