Поврзете се со нас

ВТА

Сензација во Мелбурн: Чешка тинејџерка ја шокираше најдобрата светска тенисерка

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Натпреварувачкиот ден во Мелбурн донесе низа изненадувања со елиминациите на Каспер Руд и Григор Димитров, но сепак најголемиот шок пристигна во женскиот дел од турнирот.

Овогодинешното издание на Аустралијан Опен остана покусо за една од главните фаворитки за титулата, бидејќи најдобрата светска тенисерка претрпе вистински шок во третата рунда.

Ига Швјонтек се очекуваше рутински да се пласира во осминафиналето, но наместо тоа, доживеа непријатно изненадување од страна на чешката тинејџерка која заслужува големи пофалби за својата игра.

19-годишната Линда Носкова после 2 часа и 20 минути игра ја елиминираше првата фаворитка на грен слем турнирот во Мелбурн, славејќи со превсрт по три одиграни сета.

Швјонтек до доби првиот сет со 6:3 и се чинеше дека ќе има лесна задача, но 50-та тенисерка на ВТА листата одговори со иста мера, а потоа во третиот одлучувачки сет славеше со 6:4 за најголема победа во кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни