Поврзете се со нас

Формула 1

Сензација од епски размер: Гасли ја оствари првата победа во кариерата на лудата трка на Монца

Објавено

на

Трката за Големата награда на Италија ни донесе драма и лудница од епски размери, нешто што обично се случува само на легендарната Монца, патека која низ историјата ни донела безброј незаборавни трки и сензации како оваа денеска.

Пјер Гасли оствари сензационална победа на трката во Италија и на најдобар можен начин го искористи невообичаениот расплет во домот на Ферари, добивајќи го фантастичниот дуел со Карлос Саинц кој на крајот мораше да се задоволи само со втората позиција.

До ваков несекојдневен редослед на врвот дојде после страшниот инцидент кој го предизвика Шарл Леклер, но и поради големата грешка која ја направи шампионот Луис Хамилтон кој заврши седми.

Леклер жестокот излета во 27-от круг на излезот од параболика и трката беше прекината поради црвено знаме, а пред да се случи тоа, Хамилтон направи голема грешка бидејќи влезе во боксот кога беше забрането да го направи тоа.

Иако стартуваше прв при рестартот, Хамилтон мораше да оди во бокс да ја одработи суспензијата од 10 секунди, па излезе 17-ти на патеката и на крајот стигна до седмото место. Сепак, херои на денот се Пјер Гасли и Карлос Саинц, но повеќе овој првиот бидејќи стигна до прва победа во кариерата во Формула 1, а сензацијата е поголема бидејќи тоа го направи како пилот на Скудерија Алфа Таури.

За Карлос Саинц кој заврши втор, ова исто така беше најголем успех во неговата кариера, а пиедесталот денеска на Монца го комплетираше Ленс Строл. Ландо Норис заврши четврти, петтото место му припадна на Ботас кој заврши пред Рикиардо, а покрај Хамилтон, во првите десет се најдоа уште Окон, Квијат и Перез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни