Англија
Сензација од Англија: Премиерлигашките клубови ќе имаат можност да гласаат против ВАР системот

Угледните медиуми „Скај Спортс“ и „Атлетик“ денеска ја информираа јавноста дека премиерлигашките клубови ќе имаат можност да гласаат против ВАР, па така видео технологијата може да биде отстранета од англиската елита за наредната сезона.
По официјален допис од Вулверхемптон испратен до седиштетот на Премиер лигата, најважната организација решила да одговори позитивно на ова барање, што во превод значи дека ќе има ново гласање за ВАР од сите 20 премиерлигаши на годинешното собрание кое ќе се одржи на 6-ти јуни.
ВАР системот се имплементираше во Англија во 2019-та година со јасна цел да им се помогне на судиите и да се отстранат сомнежи околу регуларноста на головите, но по низа сомнителни одлуки и лоша употреба и менаџирање од страна на луѓето кои раководат со системот, има доста такви кои се против видео технологијата.
„Волците“ се први кои решиле оваа проблематиката да ја пренесат на повисоко ниво и во испратеното официјално соопштени имало навистина добри аргументи, поради кои сега ќе биде отворено ново гласање во кое секој клуб ќе има право на свој глас.
Оваа вест ја потврди и порпаролот на Премиер лигата во изјава за англиските медиуми, па сега самите клубови ќе одлучуваат дали сакаат помош од технологијата, или Премиер лигата ќе стане првата од петте најсилни лиги во светот која ќе се откаже од ВАР системот.
-
Англија17 часа
Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)
-
Шпанија15 часа
Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)
-
НБА23 часа
Татко на НБА ѕвезда исфрлен од арената на барање на судиите (Видео)
-
Свет24 часа
Олимпија Милано со два збора ги опиша движењата на Димитријевиќ: Класа и елеганција (Видео)
-
АБА лига22 часа
Голема драма во АБА: Мега искористи напад за победа од една секунда (Видео)
-
Англија23 часа
Мареска искрен за играч кој замина на заем: Не ни недостасува во тимот
-
Шпанија19 часа
Валенсија оствари победа вредна „шест“ бода (ВИДЕО)