Англија
„Сент Џејмс Парк“ е вистинска тврдина: Њукасл го надигра и го мина Јунајтед на премиерлигашката табела (ВИДЕО)

Тимот на Њукасл сака да игра во Лигата на шампионите во наредната сезона, а до таа цел се стига до партии како вечерашнава, партија во која го надиграа, победија еден од главните ривали за Топ 4 пласман-тимот на Манчестер Јунајтед.
Избраниците на Еди Хау сосема заслужено дојдоа до триумф од 2-о со кој сега се израмнија со „црвените ѓаволи“ по бројот на бодови (50), ама поради подобрата гол разлика се на третата позиција на табелата.
Домаќините беа поконретен состав на „Сент Џејмс Парк“, но долго време се мачеа да дојдат до посакуваното водство или поточно на тој пат им стоеше голманот Де Хеа кој имаше неколку добри интервенции. Меѓутоа Шпанецот не можеше ништо да направи во 65 минута кога Вилок се најде на вистинското место за 1-0.
Овој резултат беше активен до 88 минута кога нововлезениот Вилсон ја зголеми позитивата на Њукасл, поточно стави точка на сите дилеми околу победникот.
Во нареното коло Њукасл има дуел со Вест Хем, додека Јунајтед има соочување со Брентфорд.
-
Англијапред 13 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 13 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Шпанијапред 13 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Светпред 23 часа
Бускетс за Меси и незадоволните фанови: Ние не сме машини или роботи…
-
Англијапред 11 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Шпанијапред 21 час
Барселона повторно покажа дефанзивни слабости и освои само бод против Мајорка (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Италијапред 22 часа
Првенецот на Милик доволен за победа на Јувентус (ВИДЕО)