Сениорките се прикажаа во позитивно светло, Италија го освои „Јане Сандански“

RA1_8261

Македонската женска сениорска кошаркарска репрезентација доживеа пораз од Италија од 61-52 во првиот меч од квалификациите за Европското првенство во 2019 година.

Избраничките на Марјан Лазовски се прикажаа во позитивно светло и фаворитот мораше добро да се испоти за да го освои СЦ „Јане Сандански“. Првиот дел им припадна на гостинките со 33-25, па таа позитива ја одбранија и ја задржаа во вторите 20 минути.

RA1_8605

RA1_8609

RA1_8615

Гивенс со 22 кошеви беше најпрецицизна во нашиот табор, капитенот Митрашиновиќ уфрли 14, а двоцифрена беше и Кметовска со 10 кошеви.

RA1_8603

Во следното коло и гостуваме на Шведска.

Facebook Коментари