Сениорките не издржаа, Србија го освои „Кале“

zeni

Женската сениорска репрезентација на Македонија го загуби и вториот натпревар во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во Франција во 2018 година.

Вечерва во СРЦ „Кале“ подобри од нашате ракометарки беа Србинките кои славеа со 33:27. Избраничките на Симе Симовски одиграа максимално ангажирано, мотивирано и борбено, го добија првиот дел со 15-14, ама не издржаа во вторите 30 минути.

Керамичиева со шест голови беше најефикасна во нашите редови, додека кај северните соседи нападот го предводеше Крпеж-Слезак со девет гола.

Во нашата група ние и Фарски Острови сме без бодови, додека Србија и Шведска имаат по четири.

Facebook Коментари