Поврзете се со нас

Репрезентација

Сениорите завршија со Маврово: Сега ја имаме основата, одиме понатаму во подготовките

Објавено

на

Машката сениорска репрезентација ги одработи подготовките во Маврово, односно оној базичен дел кој секогаш е најтежок во овој период.

Од тоа што беше сработено сите се задоволни, а еден од најискусните во националниот тим Бојан Трајковски верува дека ова заедничко време и тоа како ќе помогне пред главниот предизвик, претквалификаците за СП и дуелите со Словачка и Швајцарија.

-Она поради што и дојдовме во Маврово, според мене, го реализиравме во целост. Период на максимална, колективна соработка, онака како што треба да функционира една национална селекција. Дополнето со одлична работа од сите кои се дел од селекцијата. Она што е особено важно, е што ‘работевме’ и на покачување на оној тимски дух, и тоа како потребно за одлично функционирање на тимот кој треба да донесе резултат во претквалификациите за Светскиот Куп. Хемиjата, заедно со постоечкиот квалитет, е таа која треба да нè води на патот кон успехот на средбите со Словачка и со Швајцарија

-Освен мали, ситни повреди, овие седум дена ги одработивме на едно максимално ниво, за кое многу ни помогнаа и луѓето од стручниот штаб. Сега, кога ја имаме основата, кога ја имаме хемијата во екипата, одиме понатаму во подготовките, -рече Трајковски и додаде:

-Ни недостасуваат натпревари, се надевам дека во периодот кој следува и тоа ќе дојде на ‘дневен ред’, и дека ќе провериме што досега сме работеле. Но реков добрата, работна атмосфера е предуслов за успех. Ќе настојуваме да ја подигнеме на уште повисоко ниво. Продолжуваме со работата во Скопје, и на сите нас кои сме тука, со тимот, останува да се подготвиме максимално за она што следува во август, -заврши членот на Пелистер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни