Поврзете се со нас

Европски првенства

Сендерос: Неговата суспензија е предност за Швајцарија

Објавено

на

foto: x.com/Philsend4

Денеска започнува нокаут фазата на Европското првенство, а првиот дуел е оној меѓу Италија и Швајцарија од 18 часот во Берлин.

Ова е дуел во кој нема јасен фаворит, ќе решаваат детали, можеби момент на инспирација, грешка, а во исто време не е исклучено и пеналите да бидат оние кои ќе го дадат победникот и селекцијата која ќе обезбеди место во четвртфиналето на шампионатот.

Филип Сендерос повеќе од една деценија беше репрезентативец на Швајцарија и дефинитивно се надева дека избраниците на Јакин ќе излезат како победници. Тој гледа предност за неговите сонародници во еден факт, причина, суспензијата, отсуството на Рикардо Калафиори во одбраната на „аѕурите“.

-Калафиори ме импресионираше, а неговата суспензија е предност за нас. Тој толку многу се подобри од минатата година кога играше во Базел. Сега ја носи топката напред со самодоверба на ветеран и покрај тоа што е во првите настапи со националниот тим. Бастони повеќе не е изненадување, тој со години игра на високо ниво со Интер. Има квалитет и карактер.

-Прочитав многу критики, но видов добра Италија. Играа добро против Албанија, па дури и против Хрватска. Доколку се квалификуваат во следната рунда, сигурно можат да одат до самиот крај, -порача Сендерос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни