Поврзете се со нас

Свет

Семејството на Тајгер Вудс го испрати првото соопштение по долгата операција на голф ѕвездата (Фото)

Објавено

на

blank

Тајгер Вудс вчера претрпе катастрофална сообраќајна незгода која тој ја предизвикал со излетување од патот со својот автомобил, кој поради фактот што бил комплетно уништен, принудил и пожарникарска интеревенција за вадење на голф ѕвезда од возилото.

Вудс бил примен во болницата во Лос Анџелес во доста тешка состојба и со отворени рани на нозете, а денеска конечно пристигна и официјално соопштение за неговата првична здравствена состојба по направената долга операција која траела со часови. Крајно позтивно е тоа што Вудс е стабилен и контактибилен во собата во која престојува, но му била направена комплицирана операција на десната нога на која имал неколку отворени фрактури на двете коски (тибијата и фибулата).

Тајгер Вудс заработил сериозни повреди во сообраќајна несреќа (Видео)

Најблиското семејство на Вудс се огласи со официјално соопштение, во кое се заблагодари за пораките кои ги испраќаат фановите и спортското опкружување во овие тешки моменти.

– Сакаме да се заблагодариме за цела поддршка и сите пораки кои пристигнуваат во овие тешки моменти. Како што беше претходно соопштено, Тајгер беше инволвиран во сообраќаен инцидент во кој учествуваше само едно возило. Беше подложен на долга операција на долниот дел од десната нога. Вудс има неколку тешки ортопедски повреди во долниот дел на десната нога и итно беше опериран од страна на специјалистите за трауматологија кој мораше да употреби плочка за врзување на коската.

– За останатите повреди околу зглобот беа употребни шрафови, а отсечен му беше и дел од мускулот за да се намали големиот хематом на меките ткива. Во овој момент тој е буден, контактибилен е и може да одговара од својата соба. Огромна благодарност до докторите и останатиот персонал во Харбор-Медикал центарот, – гласи објавата на семејството.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни