Поврзете се со нас

Олимписки игри

Семејството на Кари доживеало драма по финалето во Париз, сопругата завршила со солзи на лицето (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/usabasketball

Стеф Кари ги прати Французите на „спиење“ со своите осум тројки во финалето на Олимписките игри, а неговата прослава очигледно до толку испровоцира одредени домашни фанови, што некои решиле да го нападнат неговото семејство.

Најблиското опкружување на неверојатниот шутер доживеала мала драма при излегување од салата, бидејќи сопругата и неговата мајка биле нападнати од неколку агресивни момчиња.

На видеото може да се види дека сопругата на Кари е расплакана од целата немила ситуација, во која мал удар во главата добило и тримесечното бебе на големата НБА ѕвезда.

Мајката на Кари била далеку понервозна во дадената ситуација и се обидувала да истера правда со полицајците, од кои исто така не биле воодушевени поради заштитата која ја презентирале.

На крајот, работите морал да ги смирува и Дрејмонд Грин, добриот пријател на Кари од Голден Стејт кој беше навивач плус во финалето кое му припадна на „дрим-тимот“ од САД.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни