Шпанија
Семедо откри неверојатна анегдота за Меси и неговите вонсериски слободни удари

Барселона одлучи да се ослободи од неколку првотимци во изминатиот преоден рок и играчите кои беа редовни стартери кај претходните тренери, а еден од нив беше Нелсон Семедо од кого каталонскиот гигант доста лесно се откажа.
Семедо е играчот од кого Барса најмногу заработи во 2020-та година, но како дефанзивец од кого Роналд Куман доста брзо се откажа, на Португалецот не му преостана ништо друго, освен да си бара нова средина.
Десниот бек сега е член на Вулверхемптон и потенцира дека воопшто не се кае што направи трансфер кај „волците“, а во ексклузивното интервју кое го направи за „Телеграф“, говореше и за најдобриот соиграч од Барселона, Лионел Меси.
– Кога се вратив од одмор, беа искрени и ми порачаа дека јас сум еден од играчите од кои можат да заработат. Ми објаснија дека има финансиски проблеми, а во иста ситуација како мене беа и Суарез и Видал. Бев изненаден, иако во фудбалот треба да очекувате секаков расплет, – порачува Семедо, кој во продолжение открива неверојатна анегдота за Меси.
– Немам доволно зборови за да опишам колку е добар. Сепак, има една работа која го прави навистина неверојатен. Никогаш не го видов да тренира или да изведува слободни удари на тренинзите за време на моите три години во Барселона. Никогаш не вежбаше удари. Сите останати се обидувавме на тренинзите, но тој никогаш не изведе слободен. За него, сето тоа што се случува на натпреварите е нормално. Затоа е неверојатен фудбалер, играч кој не може да го опишете со зборови, – додава Португалецот.

- Шпанијапред 18 часа
Фудбалерите на Реал со уште еден потег покажаа колку им значи клубот: Донеле заедничка одлука за…
- Италијапред 19 часа
Пандев веројатно ќе си оди, но друг Македонец ќе го замени и ќе заигра за Џенова од следната година
- АТПпред 16 часа
Ѓоковиќ откри кој е неговиот најголем сон: Не сакам да бидам неблагодарен…
- Англијапред 18 часа
Тухел презадоволен по победата над Сити испофали еден фудбалер: Го победивме најдобриот тим во Европа
- Англијапред 20 часа
Солскјер не се откажува и верува во чуда: Многу почудни работи се случиле досега
- Германијапред 22 часа
Легендата на Баерн која го најави заминувањето на Флик: Стојам зад својот збор, знам кој ќе биде нов тренер
- Шпанијапред 16 часа
Нов проблем за Реал: Зидан нема да може да смета на уште еден важен играч за пресметката со Хетафе
- Англијапред 17 часа
Реал Мадрид го обновил интересот за фудбалер на Манчестер Сити