Селтик со гол во 95. минута го „потопи“ Лацио и направи историја на италијанско тло (Видео)

Soccer: Europa League; Lazio-Celtic

Селтик е сигурен патник во нокаут фазата во Лига Европа, откако оваа вечер направи историја на италијанско тло, остварувајќи ја првата победа во Европа на Апенините со гол во 95-та минута.

Многумина сметаа дека пресметката меѓу Лацио и Селтик ќе завршибез победник, но така не мислеше Оливие Ентешам кој со мајсторски потег на најдобар можен начин ја материјализираше грешката на Бериша. Фудбалерот од Косово им ја подари топката на противниците во 95-та минута, а Французинот Ентешам со феноменален потег го надмудри Стракоша и донесе голема радост за гостите (1:2).

Претходно, Лацио имаше водство со голот на Имобиле во 7-та минута, а Форест израмни на 1:1 пред крајот на првиот дел. За Селтик ова беше прва победа на италијанско тло во Европа, а со истата, си обезбеди сигурен пласман во нокаут фазата во Лига Европа, нешто што многу тешко ќе го достигне Лацио кој има невозможна мисија на две кола пред крајот. Лацио мора да оствари две победи за да има теоретски шанси, но истовремено ќе мора да се надева дека Клуж ќе загуби на своите две пресметки во групата.

 

Facebook Коментари