Шпанија
Селта промовираше поранешен член на Барселона како најново засилување
Селта Виго денеска потврди уште едно засилување за новата сезона, а се работи за искусен фудбалер кој во кариерата настапуваше и за клубови како Барселона и Челси.
Маркос Алонсо ја прифатил понудата на шпанскиот прволигаш и доаѓа како слободен агент, во обид да и помогне на Селта со дополнителна опција на позицијата лев бек.
Алонсо ги поминал лекарските прегледи и потпишал едногодишен договор со составот од Виго, при што двете страни ќе можат да се договорат и за дополнителна година во текот на следното лето.
Селта ја искористи промоцијата на Алонсо за да ја објави и третата комбинација на дресови која ќе биде во портокалова боја.
🧡 𝗢𝗿𝗮𝗻𝗴𝗲 is the new skyblue 🩵
🆕 Benvido a Vigo, @marcosalonso03!#RCCelta Third Kit 24/25 @hummel1923 ⋄ @hummelspain pic.twitter.com/LvKfFacPAi
— RC Celta (@RCCelta) August 28, 2024
-
Италијапред 15 часа
Матераци го „пецна“ Ибрахимовиќ: Се надевам дека Милан нема да го врати Малдини
-
Формула 1пред 14 часа
Хамилтон му се спротивстави на првиот човек на ФИА, Ферстапен повикан од стјуардите
-
Италијапред 18 часа
Ултрасите на Рома ќе го бојкотираат дебито на Јуриќ
-
Германијапред 14 часа
Милер тресна на земја на бизарен начин, соиграчите паѓаа од смеење (Видео)
-
Англијапред 17 часа
Шпански фудбалер веќе зажалил што го одбил Ливерпул
-
Шпанијапред 19 часа
Гути со свој фаворит за „Златната топка“: Еден фудбалер се истакна на ниво на цела сезона
-
Шпанијапред 15 часа
Реал Мадрид го следи новото „златно момче“ на Валенсија
-
Шпанијапред 17 часа
Тебас за конфликтот со Флорентино: Бевме во добри односи се до еден момент