Англија
Селс правеше чуда на голот, Ливерпул вторпат не успеа да го победи Нотингем (Видео)

Нотингем Форест му го нанесе единствениот пораз на Ливерпул во досегашниот тек на сезоната во Премиер лигата, а „шумарите“ се погрижија за нова тешка партија за избраниците на Арне Слот на вечерашното дерби на „Сити Граунд“.
Лидерот на табелата отвори авторитативно и напаѓачки во дуелот на двата најдобри тима во овој момент, но први до водство стигнаа домаќините по една одлично украдена топка, односно извонредна завршница на Крис Вуд.
Голот во 8-та минута ги разбуди лошите спомени за „црвените“ од стартот на сезоната кога првпат се сретнаа против тимот на Нуно Санто, па до крајот на полувремето, Ливерпул не беше доволно прецизен пред противничкиот гол, а оставаше и доста простор за опасни контри.
Работата значително се промени во второто полувреме по двете измени кои ги направи менаџерот Слот, кој мора да се признае дека направи неверојатен погодок со играчите кои ги внесе во игра. Цимикас и Жота ја режираа акцијата за 1:1 со своите први допири со топката и во 66-та минута на семафорот беше нерешено, па Ливерпул имаше половина час да брка победа.
Гостите навистина повеќе го сакаат триумфот и создадоа три-четири стопроцентни шанси за гол, но на висина на задачата беше Матс Селс кој правеше чиуда на голот и со неверојатни одбрани неверојатно ја сочува својата мрежа.
Ова реми не донесе промени на врвот на табелата, па така Ливерпул останува со шест бода повеќе од Нотингем, додека трет е Арсенал со еден бод помалку од „шумарите“.
Двата гола погледнете ги ТУКА
-
НБА18 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет15 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Балкан17 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Шпанија14 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Франција13 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
Лига на шампиони6 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Италија12 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Свет16 часа
Наинголан: Ме уапсија како да сум Пабло Ескобар