Поврзете се со нас

Свет

Селестини: Го именував Балотели за капитен, а следниот ден…….

Објавено

на

Foto:x.com/GenoaCFC

Марио Балотели пред извесно време ја засили Џенова и по се изгледа ја добива последната шанса во италијанската фудбалска елита, епизода во која допрва ќе видиме во какво светло ќе се прикаже популарниот „Супер Марио“.

Балотели доживеа низа несекојдневни искуства во изминатите неколку години и заигра за доста понеелитни клубови во Европа, а еден од нив беше и швајцарски Сион во кој за тренер го имаше Фабио Селестини.

Швајцарскиот стручњак кој во моментов одлично го води Базел открива дека во случајот со Балотели сфатил дека тренерите мора да реагираат и како психолози, бидејќи тоа што го правел Марио не го доживеал со ниту еден друг играч претходно.

– Марио е специјална личност, никој никогаш не успеа да се справи со него, не успеав ниту јас. Тој има двојна личност, како да има два различни карактери. Тој е еден од најдобрите играчи кои сум ги видел во кариерата, но комплицирано е да се работи со него. Иако има лоши мислења за него, јас ве уверувам дека тој е учтив и едуциран, секогаш зборува со почит. Проблем е што секогаш на крајот прави што ќе посака и не ги слуша советите. Сака да излегува навечер и да тренира кога ќе му текне.

– Не знаев како да се справам со него, па еднаш му реков дека ќе го именувам за капитен, со цел да има уште поголема одговорност. Му се допадна предлогот и ми порача дека од следниот ден ќе биде пример за сите. Јас го чекав со голема страст наредниот ден, а тој не се појави на тренингот бидејќи се успал. Тоа е Марио Балотели. Потоа дојде да ми се извини и секогаш го правеше тоа. Како личност многу го сакам, но како играч не баш толку, – вели Селестини во интервјуто за „АС“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни