Поврзете се со нас

Репрезентација

Селекторот Скендеровски пред двомечот со Србија: Продолжува трендот на подмладување на футсал селекцијата

Објавено

на

blank

Македонската футсал репрезентација освои еден бод во воведната два меча од квалификациите за Европското првенство, па така по поразот од Босна и ремито со Романија, сега не чекаат две пресметки во краток временски интервал против петтата најдобра селекција во светот.

Футсалците ќе одиграат два натпревари против репрезентацијата на Србија, првиот во петок во Врање, а три дена подоцна, втората пресметка во Скопје, или поточно во СЦ „Јане Сандански“. Селекторот Васко Скендеровски навести дека ќе продолжи со трендот на подмладување на репрезентацијата и за двата натпревари со Србија повика три дебитанти, но има и проблем што нема да може да смета на Даниел Де Соуса, а неизвесни се и Ранготов и Крстевски.

– Не очекуваат два исклучително тешки натпревари против петтата најдобра селекција во светот. Хендикеп за нас е отсуството на еден од нашите најдобри играчи, Даниел Де Соуса, како и повредите на Крстевски и Ранготов. Исто така, поради Ковид протоколите тимот се комплетираше пред два дена, но се додека постојат шанси нема предавање и ќе се обидеме да направиме изненадување на овие два натпревари со што би ни се отворил патот за Европското првенство.

– Како што ветив и минатиот пат, продолжува трендот на подмладување. На овој собир вклучивме тројца дебитанти за да ја почувствуваат атмосферата во националниот тим. Овие натпревари се голем притисок за Србија, освоија само бод, а беа посочени како топ фаворити во групата и можеби тука е нашата шанса за изненадување, – изјави селекторот Васко Скендеровски.

Листа на повикани играчи:

Голмани: Антонио Петровски (СК Проект Цујо), Иван Стојановски (Шкупи).

Одбрана: Реџеп Сулејмани (Шкупи), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Ферид Агуши (Шкупи), Драган Петровиќ (Шкупи), Орхан Ибиши (Приштина Мабетекс, Косово), Харис Омеровиќ (Арбен Бајрами).

Напад: Иван Крстевски (СК Проект Цико), Игор Леовски (Славија Прага, Чешка), Адријан Мицевски (Бетон бојс, Германија), Дарко Ранготов (СК Проект Цико), Мартин Калчевски (Велес), Петар Даиловски (Железарец), Еркан Сефери (Шкупи), Јакуп Рамадани (Арбен Бајрами), Џокица Арсовски (Стуттгартер, Германија).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни