Селекторот пронајде нов ангажман: Давитков се врати во клубот во кој забележа извонредни успеси (Фото)

MKD-Bug-Davitkov

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков пронајде нов клупски ангажман, поточно по седум години се враќа во тимот со кој го врзуваат многу убави спомени и извонредни успеси-тоа е Кадсија од Кувајт.

Тоа е екипа која нашиот стручњак ја водеше од 2008 до 2011 година, период во кој освои пет значајни титули. Старо-новиот ангажман популарниот Јоцо го потврди на социјалните мрежи.

Facebook Коментари