Поврзете се со нас

Репрезентација

Селекторот на Словенија: Не ни очекувавме помош од Хрватите

Објавено

на

Словенечката кошаркарска репрезентација е пред елиминација од квалификацискиот турнир каде дојде да бара билет за Олимписките игри во Париз.

Словенците прво си ја искомплицираа ситуацијата во првото коло со убедлив пораз од Хрватска, а потоа Хрватите уште повеќе им го отежнаа животот со пораз од Нов Зеланд.

Тоа практично значи дека Дончиќ и тимот треба да ги победат Новозеланѓаните со повеќе од десет разлика за да го заземат второто место во групата и да одат во полуфиналето, каде би играле со првиот од втората група – тоа ќе биде несомнено Грција.

За да ги избегнат Грците да стигнат до финалето, Словенците би морале да го победат Нов Зеланд со 29 разлика и со тоа да ги надминат Хрватите, што е научно-фантастично сценарио. Ако, сепак, Хрватите барем минимално го победија Нов Зеланд (а водеа речиси цел натпревар), победа со секаква разлика ќе беше доволна Словенија да биде втора во групата.

Селекторот на Словенците, Александар Секулиќ вели дека очекувал борба и голем отпор од Нов Зеланд на мечот со Хрватите, особено затоа што биле поодморени. Тој вели дека не ни очекувал Хрватска на кој било начин да им помогне на Словенците.

-Знаевме дека Нов Зеланд е добар тим кој има доволно време да се подготви за Хрватска, која играше со нас само еден ден претходно.Во исто време, на ниту еден начин не сметавме на помошта на Хрватска“, изјави Секулиќ за словенечките новинари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни