Селекторот на Шведска покажа неверојатна култура на „Сан Сиро“ и ја воодушеви целата спортска јавност (Фото)

janne-anderson

Селекторот Јан Андерсон влезе во конфронтација со домашните новинари откако уште еднаш доби прашање за тоа дали планира да го врати Златан Ибрахимовиќ во тимот откако Шведска на феноменален начин обезбеди пласман на Светското првенство, а покрај лекцијата која им ја одржа на претставниците на седмата сила, предводникот на „викинзите“ стана омилен лик на социјалните мрежи и поради еден свој маестрален потег.

Андерсон покажал фацинантна култура и во моментите на неверојатна еуфорија, па така откако неговите играчи и останатите од стручниот штаб направиле хаос во соблекувалната на „Сан Сиро“, селекторот се погрижил колку толку да го среди хаосот и со самото тоа прикажа култура која е навистина за огромен респект….

Facebook Коментари