Поврзете се со нас

Свет

Селекторот на Сенегал удри по Клоп: Што си мисли дека е тој? Таму е каде што е денес…

Објавено

на

Селекторот на Сенегал, Алиу Сисе удри по тренерот на Ливерпул Јирген Клоп по изјавата дека првенството на Африка е мал турнир.

Собирот на најдобрите африкански фудбалски нации е закажан за почетокот на наредната година, односно истиот ќе се игра од 9 јануари до 6 февруари што значи дека добар дел од играчите кои настапуваат во ПЛ нема да им бидат достапнии на нивните менаџери.

Клоп пред некое време истакна дека Африканскиот Куп на нации е мал настан за да потоа ретерира или истакна дека погрешно бил разбран. Ова секако допре и до Сисе кој своевремено играше во Англија во Бирмингем и Портсмут, па одлучи жестоко да му одговори на германскиот стручњак.

-Што си мисли дека е тој? Јас го водам Сенегал, а моите играчи играат за Клоп во Ливерпул. Го почитувам Ливерпул, но не и Клоп кој ги поткопува африканските фудбалски настани. Тој е таму каде што е денес поради африканските фудбалери. Го губеше секое финале додека Салах, Мане, Матип не му дојдоа да го спасат за да го добие своето прво големо европско финале, -порача 45-годишниот Алиу за ИТВ Сенегал.

Инаку „црвените“ поради првенството на Африка ќе останат без играчи како Салах, Мане и Кеита.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни