Поврзете се со нас

Македонија

Селекторот на САД на гости во ФФМ, доби дрес од македонската репрезентација (ФОТО)

Објавено

на

Македонскиот стратег, Влатко Андоновски минатата година беше именуван за нов селектор на женската репрезентација на Соединетите Американски Држави, селекција која е најдобра и во моментов е актуелен светски првак.

Сега Андоновски е во посета на својата татковина, па ФФМ ја искористи оваа прилика и оствари средба со Андоновски во „Куќа на фудбалот“. Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски при оваа средба му врачи дрес на Влатко од македонската репрезентација.

-Баш е убаво кога добри работи им се случуваат на луѓе кои се чесни кон својата работа, кои нѐ калкулираат и знаат што сакаат во животот! Влатко е голем господин, честитки! Впечатокот сега е многу поголем, -велат од ФФМ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни