Поврзете се со нас

Свет

Селекторот на Мексико почна да крвави од главата додека џентлменски му честиташе на противникот (Видео)

Објавено

на

Натпреварот од четвртфиналето на КОНКАКАФ Лигата на нации меѓу Хондурас и Мексико заврши со победа на домашната репрезентација, но и раскрварена глава на гостинскиот селектор Хавиер Агире.

Домашната репрезентација заработи одлична предност во однос на реваншот, нанесувајќи му го првиот пораз на Мексико под водство на Агире, а постојаните провокации кон гостинскиот селектор кулминирале по крајот на средбата.

Камерите го уловија шокантниот момент во кој Агире тргна да се поздрави со селекторот на Хондурас и додека го прави тој џентлменски потег, од неговата глава протекува крв како последица од полната лименка која го удри во главата неколку секунди претходно.

По натпреварот, Агире бил невообичаено мирен.

– Тоа е фудбалот, не е важно, – изјавил мексиканскиот селектор, кој не сакал да ги нападне домашните фанови и воопшто организацијата на натпреварот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни