Поврзете се со нас

Светски првенства

Селекторот на Мароко: Испишавме историја, сонуваме за титула на СП

Објавено

на

Мароко го доби пенал рулетот и ја исфрли Шпанија од Светското првенство, односно со овој триумф избори четвртфинале во кое одново ќе ги одмери силите со селекција од Пиринеите-тоа е Португалија.

Ова е најголемиот успех на мароканскиот фудбал, а за тоа огромни заслуги има селекторот, Валид Реграгуи кој многу кратко време е на оваа функција.

-Се боревме од самиот почеток до крајот. Со оваа победа го израдувавме мароканскиот народ и ја испишавме историјата на мароканскиот фудбал. Го заслуживме ова, а нашите навивачи ни помогнаа, -рече Реграгуи кој дури верува дека тие како тим можат да дојдат и до мундијалскиот пехар.

-Дојдовме овде да се претставиме во најдобро светло, да го претставиме африканскиот фудбал. Не дојдовме да одиграме три натпревари, имаме право да сонуваме. Дали е забрането да се освои титулата во Катар?, -порача поредводникот на најголемото изненадување на 22. Светско првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни