Поврзете се со нас

Италија

Селекторот на Малта жали за пропуштената шанса: Го принудивме Донарума да направи чудо уште на стартот (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/maltafa1900/Mark Zammit Cordina

Џанлуиџи Донарума вчера по петти пат во кариерата беше капитен на Италија, а доста брзо мораше да прикажува дека е на висина на задачата, бидејќи неговите дефанзивци го оставија на цедило.

Иако важеше за голем аутсајдер, Малта ја имаше првата голема шанса на натпреварот и лесно можеше да поведе во 5-та минута, но Сатаријано не реализираше од непосредна близина и изнуди фантастична одбрана од Донарума кој ја расчисти опасноста.

Ова беше сериозна закана за грогираните Италијанци кои одиграа доста лошо против Англија, па веќе до 27-та минута беше 0:2 и гледавме сосема друг натпревар до крајот.

Италијанецот Микеле Марколини како селектор на Малта вчера играше против својата земја, но по крајот на мечот не пропушти да нагласи дека неговиот тим повторно покажал заби, исто како што беше и во Скопје.

– Не можам да бидам среќен, никогаш не сум среќен и задоволен кога губи мојот тим. Ако бидеме најискрени, разликата во квалитет на теренот беше голема. Го одигравме мечот кој требаше да го одиграме, а немавме и среќа. Го принудивме Донарума да направи чудо уште на стартот, а потоа примивме гол при првиот удар на Италијанците.

– Тоа ги направи работите исклучително тешки за нас, моите момци беа храбри, но ни недостасуваше свежина во завршницата. Италија сепак е Италија, по двата примени гола, за нас беше како да го искачуваме Монт Еверест, – изјавил Марколини за „Раи“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни