Селекторот на Косово беснееше во тунелот на „Ст. Мери“, а потоа сфати дека е „уловен“ од камерата (Видео)

bernar-salan

Косово пристигна во Саутемптон со фасцинантна серија од 15 меча без пораз, но сепак изминатава вечер беше ставено крај на позитивната низа, пред се поради моќта која ја демонстрираше Англија во првото полувреме.

Гостите изненадувачки поведоа со 0:1, но потоа до крајот на првиот дел, голманот на Косово дури пет пати ја вадеше топката од својата мрежа, нешто што предизвика бес кај селекторот Бернар Шалан. Швајцарецот влезе крајно нервозен во тунелот по крајот на првиот дел и викаше за ужасното прво полувреме на неговите играчи, но сепак она што ја изнасмеа јавноста во Англија е реакцијата која ја имаше кога сфати дека е „уловен“ од камерата….

Facebook Коментари