Поврзете се со нас

Репрезентација

Селекторот на Естонија по пласманот на ЕП: Македонија е навистина луд тим!

Објавено

на

blank

Јука Тоијала имаше што да му порача на Ненад Димитријевиќ по крајот на денешниот меч и му честиташе за фантастичната партија и покрај тоа што играше повреден, гест кој беше надополнет со навистина коректна и интересна изјава поврзана за нашиот национален состав кој имаше пеколни пет дена во Перм.

Македонија одигра четири натпревари во пет дена, па иако ги доби последните два, за жал не успеа да обезбеди пласман на едно Европско првенство, пред се поради поен количникот кој не беше во наша полза во споредба со Естонија. Токму Естонците беа наши противници денеска во натпреварот на кој остваривме пирова победа во самата завршница, односно со поените за три на Димитријевиќ кои ги поставија конечните 86:84.

Селекторот на Естонија уште пред натпреварот порача дека Македонија е силен тим во кој клучни играчи се Димитријевиќ и Вајли, а по минималниот пораз и пласманот на Евробаскетот не штедеше комплименти за храброста и упорноста на нашите кошаркари.

– Најпрво од се, мора да напоменам дека Македонија е навистина луд тим! Тие никогаш не се откажуваат. Губеа 16 поени против Италија и се вратија и победија. Денеска губеа цело време и не победија во последните секунди. Поради ова, сакам да им оддадам почит и им симнувам капа, – изјави селекторот на Естонија за медиумите од оваа земја.

– Покрај ова, навистина сум многу среќен за нашите играчи, работевме многу напорно во изминатата година, имаме добра група и работевме како тим. Најдобро е што имаме млад тим кој може да се надоградува. Со неколку години работа, можеме да направиме нешто многу поголемо од пласман на Европско првенство, – додава Тоијала.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни