Селекторот на Ерменија: Ветивме дека ќе играме фајтерски против Македонија

Ermenija-selektor

За „Дерби“ од Ереван,
Александар Табаковски

Ерменската фудбалска репрезентација успеа да го поправи впечатокот по шокантниот пораз од Гибралтар, а токму овој неуспех бил посебна мотивација за селекцијата која вечерва ја победи Македонија со 4:0.

Тоа по средбата го потенцираше и ерменскиот селектор, Армен Гулбудагианц.

– Немавме време за анализи и за промени. Зборувавме со претседателот на федерацијата по поразот од Гибралтар и заклучивме дека ќе играме фајтерски, за публика, да се обидеме да го дадеме најдоброто од себе, – истакна предводникот на Ерменија на прес-конференцијата.

Facebook Коментари