Поврзете се со нас

Светски првенства

Селекторот кој го остави Меси на клупа на првото СП: Му објаснив како стојат работите

Објавено

на

Лионел Меси со свои 17 години почна да прави разлика во Барселона и го постигна првиот гол во 2005-та година по незаборавната асистенција од Роналдињо, а една година подоцна, стана најмладиот Аргентинец кој настапил на едно Светско првенство.

Предводник на аргентинскиот состав на мундијалот во 2006-та година беше Хосе Пекерман, стручњак кој е познат и по тоа што до неодамна ја водеше селекцијата на Колумбија. Пекерман не беше баш најблагонаклонет кон Меси за време на неговиот прв мундијал и Лео добиваше шанса само од клупата, а бидејќи таквата одлука се оценуваше како контроверзна уште во тоа време, сега тренерот откри како младиот фудбалер се носел со истата.

– Секој има право да мисли што сака и да дава осуди. Кога отидовме на мундијалот, Меси се уште не беше консолидиран во Барселона. Секако дека беше главна вест со своите блесоци и акции кои ги правеше, но не беше играч кој претставуваше база на тимот.

– Тогаш му велев да има трпение. Кога му го велев тоа, мислев на клубот, но и на репрезентацијата.

– Му објаснив дека во тимот имам големи играчи, дека тимот е воигран и дека напорно работевме за тој мундијал. Побарав да има свој удел кога ќе добие шанса. Му реков да ги искористи на најдобар можен начин малкуте минути што ќе ги добие. Не беше лесно да добие место и го знаеше тоа. Морам да кажам дека многу добро се носеше со тоа и не правеше никакви проблеми, – открива Пекерман за „Марка Кларо“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни