Поврзете се со нас

Репрезентација

Селекторот Јончевски ги одбра патниците за Данска, Пандев ќе чека деби за националниот тим

Објавено

на

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски ги одреди патниците за Нествед или поточно за битката со Данска во претквалификациите за Европското првенство во 2025 година.

Дуелот е закажан за 25. август од 19.часот, а селекторот Јончевски се реши за 12 играчи, група за која шанса за деби во сениорскиот тим ќе добие Димитар Пандев. Поради повреда отпадна плејмејкерот Бобан Стајиќ, додека Марко Миловановиќ ќе мора да почека некоја друга шанса за настап кај сениорите.

Во 10 часот е предвидено заминувањето за Скандинавија, а на соборното место пред СЦ „Јане Сандански“ треба да се појават следниве играчи: Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Кристијан Николов, Ненад Димитријевиќ, Андреј Магдевски, Стојан Ѓуроски, Теодор Симиќ, Дамјан Робев, Андреј Маслинко, Андреј Јакимовски, Виктор Ефремовски и Димитар Пандев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни