Селекторот Давитков го објави списокот за битките со Романија и Косово, Хендрикс повторно е во игра

MKD-Bug-Davitkov

Македонската кошаркарска сениорска репрезентација ја очекува нова рунда од претквалификациите за Евробаскетот во 2021 година и тоа против должникот Косово и селекцијата на Романија која е предводена од Заре Марковски.

Токму за овој предивик селекторот Јорданчо Давитков го објави списокот на играчи на кои ќе смета за натпреварите со тоа што претходно ќе следат подготовки. Првиот собир е закажан за 31. август со почеток во 20:00 часот во СЦ Јане Сандански и на истиот треба да се појават 19 кошаркари ако нормално сите одговарат на повикот.

Интересно е тоа што на списокот е и Ричард Хендрикс кој поради лични причини го пропушти јунскиот квалификациско прозорец, меѓутоа ако тој не може да помогне тука е и Шејн Витингтон кој е на списокот, односно може да го пополни местото на странец во составот.

Список на повикани играчи: Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Дарко Соколов, Адем Мекиќ Бобан Стајиќ,Андреј Магдевски, Ненад Димитријевиќ, Димитар Караџовски, Стојан Ѓуроски, Предраг Пајиќ, Бојан Трајковски, Марко Симоновски, Кирил Николовски, Љубомир Младеновски, Бојан Крстевски, Андреј Маслинко, Ричард Хендрикс, Шејн Витингтон.

Facebook Коментари