Репрезентација
Селекторот Бајиќ избра 14 играчи за двата квалификациски натпревари во јули

Македонската кошаркарска репрезентација ќе има два сериозни предизвици на почетокот на јули, месец во кој ќе биде актуелен ФИБА прозорецот за пласман на Светското првенство.
Селекторот Драган Бајиќ се определи за еден пократок ростер од играчи на кои ќе смета за овие два натпревари против Шпанија и Украина, бидејќи периодот за подготовки е навистина многу мал.
Во потсениот список на селекторот влегоа 14 кошаркари, а истите ќе бидат во конкуренција за гостувањето кај Шпанија на 1-ви јули, како и мечот со Украина која ни гостува во скопје на 4-ти јули.
Првиот собир на сениорскиот национален тим е предвиден да биде на 25. јуни, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје,од каде ќе започна подготовките на кошаркарите пред заминувањето за Сарагоса.
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Адем Мекиќ – МЗТ Скопје Аеродром
Кристијан Николов – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Пелистер
Андреј Маслинко – ТФТ
Страхил Николов – ТФТ
Виктор Ташовски – ТФТ
Виктор Ефремовски – Гостивар
Валмир Какруки – Работнички
Теодор Симиќ – Барселона-Шпанија
Андреј Јакимовски – Вашингтон Стејт (НЦАА-САД)
Рубин Стефанов – Италија
-
Англијапред 23 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 16 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Германијапред 23 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
Италијапред 19 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Светпред 24 часа
Мајсторија во негов стил: Дончиќ со магична асистенција одново го воодушеви кошаркарскиот свет (ВИДЕО)