Поврзете се со нас

Европски првенства

Селекторите ги отворија картите на „Сигнал Идуна парк“: Саутгејт и Куман направија по една измена во стартните 11 (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/England

На неполн час пред второто полуфинале на Европското првенство, двајцата селектори ги отворија картите и открија со кои играчи ќе излезат од стартот на мечот, со тоа што и Саутгејт и Куман се одлучија да направат по една измена.

Иако остануваат верни на она што го замислија во текот на целиот турнир, сепак има по една промена во почетните 11, а тоа е една дефанзивна опција на Саутгејт, односно офанзивна на Куман.

Англискиот селектор во стартната постава го враќа Гуеи кој беше суспендиран за мечот со Швајцарија, па така стоперот сега се враќа во срцето на одбраната заедно со Вокер и Стоунс.

Во противничкиот табор, Куман повторно реши да му даде предност на Дониел Мален пред Бергвајн, а веројатно причина за тоа е и фактот што крилото добро ја познава „Сигнал Идуна парк“, стадион на кој игра како член на Борусија.

Англија: Пикфорд, Вокер, Стоунс, Гуеи, Сака, Трипие, Маину, рајс, Белингам, Фоден и Кејн.

Холандија: Вербруген, Дамфрис, Де Вриј, Ван Дајк, Аке, Шутен, Симонс, Рејндерс, Мален, Мемфис и Гакпо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни