Поврзете се со нас

Репрезентација

Селекцијата до 21 година славеше против онаа до 19 години на тестот во Охрид

Објавено

на

Селекцијата до 21 година славеше со 3:1 против селекцијата до 19 години на заедничкиот тренинг камп на двете репрезентации во Охрид.

Ова беше дуел на кој избраниците на Благоја Милевски подобро се снајдоа од оние на Шкумбин Арслани. Милевски и Арслани им дадоа шанса на фудбалерите пред се од домашниот шампионат, шанса да ги покажат своите квалитети и евентуално да се изборат за место во составот на важните квалификациски натпревари кои ги очекуваат двете репрезентации следната година.

На денешниот натпревар, селекцијата до 21 година обезбеди водство од 1:0 во 43. минута со автогол на Маркоски. Во 46. минута Илиевски реализираше пенал за израмнување на 1:1. Максимов беше соборен во шеснаесетникот.

Своја шанса за погодок не искористи Воша за ново водство на Македонија до 21 година, а полуприлики на спротивната страна имаа Николов и Максимов.

Скендери во 82. минута погоди за 2:1 по додавање на Иваноски, а конечниот резултат го постави Иваноски во последната минута.

Македонија до 19 година:

Иван Николоски, Славе Маркоски, Виктор Крстевски, Мартин Величковиќ, Бехар Фета, Хамза Рамани, Методи Максимов, Димитар Тодоровски, Марио Илиевски, Иван Николов, Берат Калкан;

Стефан Тасев, Филип костовски, Константин Коцев, Фитон Адеми, Арда Окан Куртулан, Октај Ракипи, Дамјан Трајаноски, Зуфер Шаини, Дарио Марковски, Спасе Терзиев, Бесард Џемаили;

Македонија до 21 година:

Методија Велковски, Ардит Иљази, Александар Ѓурковски, Кристијан Додевски, Георге Јанкулов, Бојан Димовски, Али Адем, Арби Воша, Марко Ѓорѓиевски, Муарем Шухељ, Енсар Љума;

Александар Ангелковски, Марко Симуновиќ, Матеј Николов, Јован Манев, Рамин Али, Флорент Рамадани, Бесник Ферати, Јакуп Бериша, Емир Скендери, Зоран Ивановски, Давид Калапачки;

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни