Репрезентација
Селекцијата до 19 години на тренинг камп во Струмица, фудбалерките на тестови со БиХ

Македонската репрезентација до 19 години од 23. до 28. февруари ќе одработи тренинг камп во Струмица. Генерацијата предводена од Ерхан Селими ќе одигра контролен натпревар против Брера А.П. на 26. февруари од 13:00 часот во комплексот „Горан Пандев“.
Селекторот Ерхан Селими и неговите асистенти во селекцијата, Вангел Алтипармаковски, Ванчо Шиков и Никола Ѓоргиев за тренинг кампот во Струмица ќе сметаат на следните фудбалери:
ГОЛМАНИ: Давид Илиоски (Брера А.П.), Онур Бешир (Шкендија), Павел Трајковски (Македонија Ѓ.П.);
ОДБРАНА: Златко Радески (Вардар), Бојан Ристоски (Вардар), Игли Хасани (Работнички), Давор Росиќ (Работнички), Лука Атанасовски (Беласица), Каменчо Андоновски (Брера А.П.), Артан Исмаили (Шкендија), Ерџан Фејзуловски (Пелистер), Емир Шаботиќ (Вардар);
СРЕДЕН РЕД: Здравко Перески (Брера А.П.), Лириан Џеладини (Шкендија), Омер Хасани (Шкупи), Луан Миџаити (Инглоштат, Германија), Флориан Рочи (Брера А.П.), Аритон Мехмед (Шкупи), Марко Стефановски (Работнички), Кренар Хоти (Работнички);
НАПАД: Хисар Али (Беса), Димитар Шаркоски (Победа), Христијан Јовановски (Пелистер)
Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години кон крајот на февруари ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на БиХ.
Двата контролни дуели ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје.
Средбите со БиХ ќе бидат дел од подготовките на нашата млада репрезентација во Скопје,а се со цел што подобро да се темпира формата за претстојните квалификации што не очекуваат во април, во Хрватска.
Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 19 години, Астрит Мерко се одлучи за претстојните контролни натпревари да ги повика следните фудбалерки:
Голмани:
Ведрана Комненова Скопје
Мартина Сиљаноска Атлетико
Одбрана:
Мила Стојановска Истатов
Михаела Додевска Скопје
Слаѓана Ѓорѓиева Тиверија Брера
Сара Добревска Речица
Ана Головска Скопје
Васка Василева Каменица Саса
Ангела Димчова Тиверија Брера
Емилија Блажевска Шведска
Среден ред:
Ева Конева Малта
Ива Јосифова Тиверија Брера
Јехона Велију Швајцарија
Кристина Крстева Скопје
Напад:
Јована Павловска Полска
Емили Митковска Речица
Анастасија Илиевска Топ Гол
Мелиса Димитриоски Атлетико
Елена Симјонова Љуботен
-
Свет19 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Шпанија21 час
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Англија14 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Балкан8 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија21 час
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Италија19 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија18 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Свет17 часа
Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)