Репрезентација
Селекцијата до 15 години поразена на првиот тест меч од Хрватска

Рапрезентацијата на Македонија до 15 години загуби од Хрватска со 3:0 во рамките на првиот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје.
Драго Шкерго во 34. минута го отвори резултатот на денешната средба. Три минути подоцна, противникот преку Трајановски го зголеми своето водство. Најдобрата прилика во првиот дел, Македонија ја имаше преку Спироски, кој одлично биеше од слободен удар, но голманот на Хрватска со одлична интервенција ја зачува својата мрежа.
Во продолжението, Спировски на два пати се закани по голот на Хрватска, но без реализација.Крстевски во 61. минута имаше одлична прилика, но голманот на Хрватска уште еднаш одлично интервенираше. Биланџиќ во 86. минута погоди за конечни 3:0.
Втората средба се игра за два дена во истиот термин 14:30 часот.
Македонија: Димитар Петров, Михајло Павлов, Матеј Бочески (Џихан Ибрахими, Матеја Масев, Амар Акики (Илија Аксентиев), Лука Спироски (Медин Емини), Дардан Адеми (Огнен Сивевски), Павел Стојанов (Филип Наумовски), Марин Крстевски (Виган Таири), Адриан Велески (Кристијан Нелоски), Благојче Седлоски;
Селектор: Илами Исејни;
-
Англија23 часа
Вистинска „чистка“ на „Олд Трафорд“: Десет играчи ќе го напуштат Јунајтед на лето
-
Репрезентација14 часа
Белами: Свесни сме каква трагедија се случи во Македонија, сакам да знаете само една работа
-
Светски првенства23 часа
Англија со нова победа без примен гол, прва радост за Албанија
-
Свет13 часа
Скалони му одржа лекција на Рафиња и потсети на една незаборавна слика од Меси и Нејмар (Фото)
-
Италија15 часа
Капело издвои двајца играчи на Јувентус на кои Тудор мора да им помогне: Мора да игра…
-
Формула 113 часа
Васер ја откри вистината за сомнителните тимски правила во Ферари
-
Шпанија13 часа
Мончи: Ако го удрев Иско, веќе немаше да може да игра фудбал (Видео)
-
Свет13 часа
Малерозен период за Шпанецот: Пред еден месец откри дека се тужи со родителите, сега боледува од туберколоза!