Селадес: Валенсија е гигант, ама не се плашам

selades

Шпанскиот прволигаш Валенсија сосема неочекувано денеска се раздели со тренерот Марселино Гарсија Торал и го назначи поранешниот фудбалер на Барселона и Реал Мадрид, Алберт Селадес за нов предводник на клубот.

Селадес е свесен дека ова ќе биде голем предизвик за него, затоа што доаѓа во клуб кој секогаш игра важна улога во Шпанија и клуб кој бележепе добри резултати под водство на Марселино кој си замине од „Месталја“ поради нарушените односи со мнозинскиот сопственик Питер Лим.

-Независно од оваа ситуација, Валенсија секогаш е бик, голем клуб, гигант. Ќе се обидеме најдобро да ја завршиме нашата работа. Не се плашам, знам дека многу се бара и ја разбирам загриженоста. Немам огромно искуство во други клубови, -истакна Селадес и додаде:

-Ние сме свесни за работата што ја заврши Марселино и сметаме дека тој направи многу добри работи. Нашата цел е да ги охрабриме овие добри работи и да ги негуваме. Секогаш се надевате на можност и предизвик кој е голем. Ние ја знаеме одговорноста што ја имаме, -пораче Алберт кој во изминативе години работеше во шпанските селекции.

Facebook Коментари