Поврзете се со нас

Македонија

Секуловски: Шкендија ја почитуваме, но свесни сме и за сопствените квалитети

Објавено

на

Повратникот во елитната домашна фудбалска конкуренција тимот на Брегалница не успеа да слави на првите два натпревари, но воедно и не загуби против Шкупи и Скопје.

Клубот од Штип интересно двапати одигра без голови, па ако тоа успее да го повтори најмалку ќе има бод во џеб од утрешниот меч против Шкендија. Актуелниот првак е во лоша форма и откако не се прослави во Европа така продолжи во шампионатот каде загуби од Ренова и ремизираше против Тиквеш.

Ваквата лоша ситуација на „црвено-црните“ сакаат да ја искористат во таборот на Брегалница иако се свесни дека тоа нема да биде лесна задача.

-Не очекува тежок натпревар против актуелниот шампион. Јасно е дека Шкендија на секој натпревар е фаворит за бодовите. Сега дополнително мотивирани за победа доаѓаат во Штип по поразот од Ренова, но јасно е и дека воопшто нема да им биде лесно, – вели тренерот Марјан Секуловски.

-Нема збор дека максимално го респектираме противникот, но доволно ги знаеме и сопствените квалитети кои верувам може да не одведат до позитивен резултат. Огромната поддршка од навивачите сигурно треба да биде дополнителен импулс за максимално издание на терен, -вели тренерот Марјан Секуловски.

Натпреварот меѓу Брегалница и Шкендија се игра утре на Градскиот стадион во Штип со почеток од 17 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни