Сеќавање на Буштур: Великан со големо срце што ни донесе огромна афирмација

zoki mihajlov promocija

Новинарот Зоран Михајлов минатата 2019 година ја промовираше книгата „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ во која на пошироката публика и доловува помалку познати приказни за македонските спортисти низ историјата и за средбите, а токму кошаркарот Благоја Георгиевски – Буштур беше еден од оние за кои тој пишува.

„Дерби“ денеска побара изјава од Михајлов кој во текот на својот работен век често соработуваше со Георгиевски.

– Не можам да најдам зборови колку сум погоден од оваа трагедија. Буштур е еден од великаните на Македонија, кога требаше да се докажувам со некого какви спортисти има Македонија во тие седумдесетти години од минатиот век, секогаш го споменував него. Да се има претставник во таа вонсериска кошаркарска репрезентација на Југославија, секогаш значело многу. Како играч имаше јуначко срце, знаеше од тешка ситуација да го поведе тимот,- ни изјави Михајлов.

Спортот ги сплотил Михајлов и Георгиевски уште поцврсто, бидејќи спортскиот новинар кој претходно имал кариера во атлетиката исто така соработувал со Буштур за кондициони подготовки.

– Тој скришно тренираше, бидејќи татко му не му дозволуваше. Еден ден, пред настап го убеди татко му да одат заедно да гледаат кошарка и испланирано „му се изгубил“ одејќи во соблекувалната за потоа да излезе на терен. Имаше метеорски пробив, стана носител на играта на Работнички. На Олимписките игри во 1976 година бевме заедно, а тој заедно со репрезентацијата освои сребрен медал. Тогаш плачев од радост, а денес сум скршен од тага,- заврши Михајлов.

Погребот на Благоја Георгиевски – Буштур е закажан во сабота напладне, на Градските гробишта во Бутел крај Скопје.

in memoriam bushtur

Facebook Коментари