Поврзете се со нас

Репрезентација

Сејдини: Со победите ја донесовте најголемата вредност, jа вративте надежта и радоста во секое наше семејство

Објавено

на

Македонија го победи Косово (2-1) и дојде на чекор од пласман на Европското првенство, а по тој повод како и по одличната партија на младите против Казахстан (4-1), првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини упати честитка до сите актери за остварените резултати.

Би сакал да ги пренесам моите искрени и длабоки честитки до сите Вас, фудбалерите, стручниот штаб и сите оние кои дадоа придонес за големиот резултат и можноста македонската репрезентација да настапи во финалето од Лига на нации за пласман на Европското првенство, како и за победата на македонската репрезентација до 21 година од квалификациите за младинското Европско првенство.

Нашата најдобра репрезентација покажа извонреден квалитет и пласманот во финалето од Лига на нации е доказ за добрата работа и талентот на оваа генерација.

Со својот напор и пожртвуваност, со заедништвото и вербата во себе на целата држава им ја донесовте најголемата вредност: Ја вративте надежта и радоста во секое наше семејство.

Вие сте нашата најуспешна генерација и бидете горди на начинот на кој ја промовирате нашата земја и нашиот фудбал.

Триумфот и пласманот во финалето е доказ дека и мала држава како Македонија може да дојде на чекор до историски резултат и затоа сите заедно треба да продолжиме кон истата цел и да покажеме дека соништата можат да станат стварност со многу труд и посветеност“. 

Напред Македонија!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни