Поврзете се со нас

Репрезентација

Сејдини му посака топло добредојде на Милевски: Дојде време за човекот кој го регенерираше македонскиот фудбал!

Објавено

на

Боби Милевски ова попладне и официјално беше претставен како нов селектор на македонската фудбалска репрезентација, откако постигна договор со ФФМ во времетраење од три години.

Човекот кој го донесе првиот најголем успех во историјата на македонскиот фудбал со пласман на едно младинско Европксо првенство, сега добива шанса да го води најсилниот тим на Македонија, нешто што многу успешно го правеше Игор Ангеловски во изминатите пет и пол години.

Милевски стави потпис на договор до 2024-та година, а повеќе од јасно е дека прва цел на селекторот ќе биде да се остварат добри резултати на квалификациите за Светското првенство.

– Милевски, во мое име и во име на Федерацијата, ти честитам за селекторската позиција. Дојде како човек кој создаде генерација за голем успех, а сега го преземаш тимот кој го донесе најголемиот успех, – му се обрати Сејдини на Милевски, па додаде.

– Милевски го регенерираше македонскиот репрезентативен фудбал, создаде група на играчи која веќе има две Европски првенства во нозете. Имаме квалитет, а сега со Милевски да покажеме и карактер за уште поголеми успеси, во кои не се сомневаме. На дресот кој му го дадов стои бројката 2024-та, но верувам дека ќе соработуваме многу подолго во иднина, – изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни