Македонија
Сејдини: Мора сите да помогнат за развојот на фудбалската инфраструктура…
Фудбалската федерација на Македонија го претстави упатството од УЕФА за одржлива инфраструктура. Одржливата инфраструктура во фудбалот нуди долгорочни придобивки за сите чинители, полезна е за животната средина и помага да ги зачуваме заедничките простори за локалната средина.
Овој прирачник опфаќа теми како што се цел, локација, проект, концепција и изградба, терен и уредување на околината. Во исто време дава увид во фазата на управување со инфраструктурата, главно фокусирајќи се на употребата на вградена технологија воинфраструктурата на стадионот и теренот и начините за справување со предизвиците при управување со настани и отпад, вклучувајќи го здравјето и безбедноста.
–Квалитетната инфраструктура не само што го подобрува целокупното фудбалско искуство, туку претставува основа за нови таленти. Квалитетните терени, модерните стадиони и соодветните капацитети за тренинг и подготовка се суштински елементи во создавањето на нова генерација фудбалски ѕвезди.
-Надвор од самиот спорт, фудбалската инфраструктура значително придонесува за локалните економии. Стадионите изградени според високи критериуми, привлекуваат повеќе навивачи, а тоа неминовно доведува до зголемени комерцијални и деловни можности со трајно влијание врз социјалното и економското ткиво на нашите заедници.
-Во стремежот за изградба на фудбалска инфраструктура, ние мора да ги почитуваме еколошките стандарди, да ги прифатиме практиките за користење на обновлива енергија, оптимизирано користење на вода и енергија или создавање поефикасна кружна економија.
-Како претседател на Фудбалската федерација на Македонија ги повикувам сите чинители да дадат свој придонес за развојот на фудбалската инфраструктура користејќи го овој прирачник. Можеме многу, но само со помош и поддршка од соработниците, но и луѓето од фудбалската база која мора да биде темел на сѐ.
-Фудбалската федерација на Македонија веќе ги почитува упатствата и препораките за одржливост дадени од УЕФА и ги повикува сите останати заинтересирани страни да го сторат истото и да ги земет во предвид при своите инвестиции, -истакна претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
-
Англија18 часа
Фудбалер на Јунајтед со нова разочарувачка вест: Боли што мора да го напишам ова…
-
Шпанија23 часа
Анчелоти за откровението кое најмногу изненади на последните четири меча: Ќе ми биде тешко да го оставам на клупа
-
Евролига22 часа
Белград ќе чека нова шанса, Ф4 турнирот во Евролигата првпат ќе биде организиран надвор од Европа
-
Светски првенства21 час
ФИФА ги одреди шеширите за ждрепката за Светското клупско првенство
-
АТП19 часа
Мајката на Циципас: Ѓоковиќ е Босанец, но избрал да биде Србин
-
Шпанија19 часа
Барселона со „петка“ ја прекина лошата серија, фановите воодушевени од асистенцијата на Јамал (Видео)
-
Германија18 часа
Нојер го доби првиот црвен картон во кариерата на Куп дербито со Баер (Видео)
-
Англија23 часа
Мареска: Челси ќе доминира во Англија наредната деценија