Поврзете се со нас

Репрезентација

Сејдини: Милевски ја создаде златната генерација, убедени сме дека успешно ќе ја води репрезентацијата

Објавено

на

Првиот човек на македонската фудбалска федерација, Муамед Сејдини ја испрати правата порака откако управниот одбор на ФФМ донесе одлука Благоја Милевски да биде именуван за нов селектор на А репрезентацијата.

Официјално: Милевски е наследникот на Ангеловски во македонската репрезентација

Милевски ќе го заземи местото на Игор Ангеловски кој успешно си ја вршеше оваа функција во изминативе шест години. Сејдини му се заблагодари на Ангеловски за се што даде и направи за националниот тим, а воедно му посака добредојде на Милевски кој според него е идеален човек за функцијата предводник на националниот состав.

Најпрвин, од мое лично и од име на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија упатувам благодарност до Игор Ангеловски за неговата работа и придонесот кој го даде за успесите со македонската А репрезентација.

-Игор Ангеловски самиот најави дека по завршувањето на Европското првенство ќе бара нови предизвици во својата кариера и сега е време ние да ја почитуваме неговата одлука и да ја  покажеме нашата благодарност за неговата работа и страст во сите овие години на чело на македонската А репрезентација.

-Визијата за нашата фудбалска иднина со Благоја Милевски на местото селектор на македонската А репрезентација е кристално јасна. Тој е човекот кој го регенерираше македонскиот фудбалски крвоток, создаде неверојатна група на фудбалери кои зад себе веќе имаат настап на две Европски првенства, младинско и сениорско и уверени сме дека тој пат мора да продолжи.

-Му даваме доверба на Благоја Милевски да ја предводи македонската А репрезентација поради неговиот карактер, работната етика и човечките квалитети. Тој е тренер кој става личен печат на тимовите кои ги предводи и човек со дисциплина и исклучителна ментална сила.

-Македонската А репрезентација ќе ја предводи селекторот Благоја Милевски кој ја создаде златната генерација македонски фудбалери која беше меѓу 12-те најдобри селекции во Европа и фудбалери кои веќе неколку години се дел од нашиот најдобар национален тим.

-Веруваме во квалитетите на Благоја Милевски и убедени сме дека ќе продолжи со успех да ја предводи и А репрезентацијата. Уште повеќе затоа што на секоја разумна и личност со вистински вредности му докажа каков човек е и каков тренер е, -истакна Сејдини.

Боби ќе застане на новата позиција на 1 август, додека неговото место во селекцијата до 21 година ќе го заземи Драган Канатларовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни