Поврзете се со нас

Македонија

Сејдини ќе биде претседател на ФФМ и наредните четири години

Објавено

на

Муамед Сејдини денеска и официјално е избран за претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Сејдини беше единствен кандидат на Изборното собрание на ФФМ и очекувано доби поддршка со акламација од присутните делегати да ја води федерацијата до 2025 година.

Откако зад Сејдини застанаа УЕФА и ФИФА, чиј прв човек Џани Инфантино испрати и видео обраќање, тој сега официјално останува на функцијата која ја извршуваше и последните две години.

Инфантино со видео обраќање му посака успешен мандат на Сејдини

Сејдини беше предложен за кандидат од страна на ОФС Кичево, а имаше поддршка од доволен број општински сојузи, односно 52 делегати за да остане на функцијата.

Во периодот кога тој ја води федерацијата, македонската фудбалска репрезентација обезбеди историски пласман на Европско првенство, а тоа треба да биде само дополнителен мотив за уште позначајни резултати наредниот период.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни