Репрезентација
Сејдини испрати моќна порака со видео од вип ложата: Ова е повеќе од фудбал

Македонската фудбалска репрезентација покажа дека знае да игра и да се натпреварува со најдобрите, додека македонските фанови покажаа дека секогаш се тука да дадат поддршка.
30 илјади навивачи вчера ги исполнија трибините на „Тодор Проески“ и се погрижија за вистински фудбалски празник во месец ноември, а конечниот резултат 1:1 против една од најсилните селекции во светот доволно говори за залагањето на нашите фудбалери.
Избраниците на Благоја Милевски се бореа за секоја топка на теренот и добија честитки од сите присутни на националната арена, на која секако беше и првиот човек на македонскиот фудбал.
Муамед Сејдини пред натпреварот со Англија имаше објава за новиот тревник на теренот, а сега покажа како изгледал голот на Енис Барди од негов агол во вип ложата.
– Еден гол запали пламен радост во срцата на 30.000 навивачи на Арената “Тодор Проески” вчера! Ова е повеќе од фудбал. Се работи за секој граѓанин на Република Македонија кој верува, навива и сонува. Мали сме, но заедно сме моќни. Напред Македонија!, – порача Сејдини.
-
Македонијапред 23 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Германијапред 15 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Италијапред 23 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Шпанијапред 17 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 14 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Европски првенствапред 21 час
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Светпред 14 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 16 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)