Поврзете се со нас

Македонија

Сејдини им честиташе на шампионите Струга и Македонија ЃП, а испрати порака и до новите членови на ПМФЛ и ВМФЛ

Објавено

на

Првиот човек на македонската фудбалска федерација, Муамед Сејдини испрати честитки до најдобрите екипи за оваа сезона на домашната сцена-тоа се Струга Трим Љум и Македонија Ѓорче Петров.

Струга дојде до својата прва историска титула во ПМФЛ, додека „лавовите“ од Ѓорче Петров го одбранија трофејот во Купот на Македонија и со тоа обезбедија настап во Европа.

Сејдини воедно ги поздрави и новите членот на првата и втората македонска лига.

Ова е целосното обраќање на претседателот на ФФМ

-Ве молам примете ги моите најтопли честитки за остварените резултати сезонава во македонската фудбалска лига. Изразувам најсрдечни желби до сите фудбалери, тренери, техничките и медицинските лица, како и до сите навивачи, бидејќи секој дел од организацијата несомнено е инструмент во победата на својот клуб.

-Сите честитки до Струга за историската, прва шампионска титула. Клубот со години растеше на теренот и пошироко, а сега го достигна самиот врв. Струга Трим Лум го потврди квалитетот годинава во нашиот фудбал, а тоа е резултат на добрата работа на стручниот штаб, добрата селекција на фудбалери и квалитетното раководство. 

-Македонија Ѓ.П. воодушеви многумина со постигнатите резултати сезонава и освојувањето на Купот во нашата држава. Верувам дека во континуитет ќе работат и функционираат стабилно, цврсто и плански. Убеден сум дека и во иднина неуморно ќе работат на создавање нови таленти, нешто што претставува визија на клубот и не се сомневам дека од тоа голема корист ќе има и македонската репрезентација.

В-ажно е да им дадеме поддршка на нашите клубови и во нивните настапи во европските купови. Имаат право да сонуваат дека можат да стигнат далеку и во натпреварувањата на УЕФА. Им посакуваме многу среќа и со еднаков жар како и досега да го претставуваат својот дрес и македонскиот фудбал во Европа. На сите македонски претставници во европските купови, Струга Трим Лум, Македонија Ѓ.П., Шкендија и Шкупи им посакувам добар ждреб, многу среќа и успех во следните натпревари.  

-Би сакал да упатам честитка до новите прволигаши, ФК Воска Спорт, ФК Гостивар и ФК Вардар. Се надевам дека успехот ќе го продолжат и во натпреварите од најдобрата конкуренција следната сезона. Честитки за Вардар Неготино, Башкими, Тетекс, Новаци и Осогово за обезбеденото учество во Втора МФЛ. 

-На крајот, би сакал да им се заблагодарам на сите лице во администрацијата на ФФМ кои беа дел од организацијата на натпреварите и активностите кои ги реализиравме во изминатиот период-порача Сејдини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни