Поврзете се со нас

Репрезентација

Сејдини ги претстави „скриените херои“ на македонската репрезентација: Овие луѓе не се експонирани, но… (Видео)

Објавено

на

Муамед Сејдини одблиску го следеше историскиот пласман на Европското првенство и влета на теренот во Тбилиси по незаборавната победа против Грузија, а во моменти кога македонската јавност во измиантиот месец сонува за големиот настан и едвај чека да дојде месец јуни, првиот човек на ФФМ се погрижи да ги видиме и „скриените херои“ во нашата репрезентација.

Претседателот на Федерацијата нагласува дека никој од директорите, логистиката и стручниот штаб не може да се симне на теренот и да ја замени работата на фудбалерите кои се најголемите јунаци, но сепак нагласува дека репрезентацијата добива совршени услови за работа во последните години, па реши да го претстави персоналот кој е верна сенка на нашиот најсилен состав.

Сејдини и ги презентираше на јавноста луѓето од логистиката, спортскиот директор, медицинското лице и жената задолжени за меѓународни односи, па со нив искомуницира за тоа како тие се чувствуваат во денови кога можат да бидат посебно горди за пласманот на континенталниот турнир.

– Ова е видео за луѓето во Федерацијата и репрезентацијата А на Македонија, кои целосно се вложуваат и максимално професионално ги извршуваат нивните задачи, но кои не се експонирани во јавноста.

– На сите нив сум им неизмерно благодарен, кои после нашите фудбалери и стручниот штаб се најзаслужни за Макеоднија да биде дел од Европското првентсво во фудбал.

Posted by Фудбалска Репрезентација на Македонија on Четврток, 17 декември 2020

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни