Сеир за сите пари: Нејмар не можеше да си го отвори скапото Ферари (Видео)

nejmar-ferari

Нејмар го пропушти изминатово коло во Лига 1 поради повредата која ја заработи на пријателскиот меч со Нигерија, но големата бразилска ѕвезда, сега стана вирален хит во Франција и својата родна земја поради една бизарна ситуација со која се соочи додека излегувал од домот на Кевин Трап.

Голманот на ПСЖ ги поканил на вечера Бразилците Нејмар, Маркињос и Тиаго Силва, а сопругата на капитенот, успеа да сними една бизарна ситуација која експресно стана вирален хит. На видеото се гледа како пониските температури во Париз направија Нејмар да не може да си го отвори своето Ферари вредно стотици илјади евра, најверојатно поради слаба батерија на далечинското.

На видеото се гледа како Бразилецот не може да влезе во својот скап автомобил, а тоа секако наиде на сеир од присутните, но и на социјалните мрежи.

Facebook Коментари